Убави дестинации

Еве интересен предлог каде да одите на Петровден!

На празникот Петровден на 12 јули во селото Галичник секоја година се одржува атрактивната туристичка манифестација наречена Галичка свадба, која е единствена од ваков вид на нашата земја и пошикоко. Галичката свадба со своето опстојување придонесува да се негуваат единствените свадбарски обичаи на жителите од овој крај, да се зачуваат изворните песни и ора и надалеку познатата галичка носија. Оваа свадба претставува мешавина од христијански и пагански обичаи.

Петровденската Галичка свадба е богата со многу оргинални, единствени и неповторливи обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата пиштат сурлите и ечат тапаните од Галичник до Река со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и кон небесниот свод. Тие, придружници на печалбарите од овој крај, секогаш ја најавуваат Галичката свадба која има најмногу сватови. Традичионално свадбената прослава започнува во сабота на изгрејсонце. Зетот го украсува бајракот со цвеќе пред домот на неговото семејство и пука со пушка, а неговата мајка ги поздравува роднините со домашен леб и бокал со вино. На свадбата го бричат зетот како знак на преминот од момче во маж, а во косата му ставаат паричка како симбол на богатство и деца. Невестата, облечена во најбогатата македонска носија, го пречекува младоженецот и го гледа преку прстен, а потоа качена на коњ се упатува кон неговиот дом каде што ја чека свекрвата со домашен леб.

Потоа се одржува свадбената церемонија во црквата Св. Петар и Павле. Со Невестинското оро девојката го прославува почетокот на брачниот живот. Потоа се враќаат во куќата на младоженецот и таму продолжува веселбата. На празникот Петровден илјадници галичани и потомци на локалните семејства доаѓаат да се потсетат на животот од минатото.

Поврзани статии

Back to top button