Од васУбави муабети
Отфрлав минато од себе како прашлива облека… и продолжував…
Се разминав за неколку животи. Се разминував гледајќи се себеси како останувам на место кое повеќе не постои. Отфрлав минато од себе како прашлива облека… и продолжував. Се разминував со вчера и го дочекував утре. Промените се случуваат тивко во очите на светот… Додека душата се распрскува на парчиња среде хаос. И има убавина во хаосот. Ќе те расфрли насекаде. И ќе ти даде можност, повторно да се пронајдеш.
Маја Спасовска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk