Од насУбави муабети

Што се случи со џентлмените во Македонија?

Џентлмен е маж кој не излегува од мода! Џентлмен ја лаже својата дама само кога и приготвува изненадување. Џентлмен е силен на дела а слаб на зборови. Џентлмен се грижи за насмевката на својата понежна половина.  Џентлмен е оној кој река ќе плепива за својот дом. 

Ајде малку да бидеме објективни и да признаеме дека и ние жените, ние мајките сме винови во голема количина што изумре џентлменскиот начин на живот кај голем број на мажи. Се почнува од нас самите, така и кај овој проблем се е започнато од самите мажи а ние жените многу сме допринеле за тоа. Се случува мајките уште од рана возраст да ги учат своите синови дека треба да се менуваат повеќе жени, дека треба да си го гледаат најпрвин своето задоволсто и среќа, дека не смеат да плачат пред жена, дека не смеат да бидат папучари и што уште не.. Ако еден син не гледал како таткото се однесува џентлменски во домот како тој би знаел дека треба така да се однесува. Што се случува со машките деца кои гледаат како секојдневно мајката влече тешки кеси од пазарење, бутка количка со бебе додека на рамо носи торба полна намирници за домот а таткото со кеса пелени оди мирно покрај неа, менува сијалици, поправа казанчиња, кастри борчиња и исфрла големи вреќу губре од домот, се грижи за хармонијата во домот, за чистотата и за прехраната. Што гледа од својот татко тоа дете, освен финансиски придонес? Во голем број семејства мајката е главата на куќата, таа се грижи се да е под конец и се да е подмирено, додека таткото е задоволен и горд што придонесува повеќе финансии. Таткото не умее да наточи вино во чашата на сопругата, да го мрдне газот од креветот и да претрча до продавница, не умее да ја соблече јакната кога и е свежо на жената, не умее да ја изненади со приготвен ручек и поставена трпеза, не умее да ја разбуди со мирис на тазе сварено кафе, не умее да и ја отвори и задржи вратата при влегување за таа прво да помине, не умее да ја одмени во домашните обврски кои не се само на жаната во куќата оти таа куќа е дом за целото семејство. Женските деца кои растат во вакво семејство често се соочуваме дека се навикнати на ваквиот однос и без проблем го прифаќаат токму ваквото однесување кај своите избраници. Полека, чекор по чекор сите ние дозволивме да изумре џентлмснското однесување кое во многу моменти на сите ни недостасува. Секоја жена иако е способна сама за себе да си подмири се, да го подмири и домот верувајте многу често сака да се почувствува како вистинска жена и без повод нејзиниот избраник да ја третира како жена а не како брат.

Способноста на жените сведоци сме дека е многу поголема од на мажите, жена може се сама и не и е тешко додека на мажите им е тешко да бидат џентлмени во секој поглед! 

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button