Овие жени се вечно млади – никогаш не стареат!
Тие никогаш немаат доволно љубов – дури и во домовите за стари лица се мажат повеќе од членовите на други хороскопски знаци. И можеби тоа е причината зошто жената Близнаци не може навистина да остари.
Жената родена во знакот Близнаци се смета за забавна, социјално созреана, магична и провокативна. Таа изгледа многу млада и е исклучително харизматична. Покрај неа сите се чувствуваат помлади отколку што се, па затоа им се простуваат алчните или манипулативните испади.
Инаку, таа е прилично непредвидлива и може брзо да ја замени својата социјална и љубезна маска со далечна и арогантна.
Не се срами да запознава нови луѓе и не е вообразена, но не е претерано заинтересирана за долги љубовни врски. На крајот на краиштата, таа има прилично љубовна природа.
Потребна и е ментална компатибилност од потенцијалниот партнер и не дозволува физичка интимност со некој кој не е способен интелектуално да ја предизвика.
Постојаната желба за новина кај Близнаците не е баш благослов за финансиите, нејзините или на сопружниците, а честопати подразбира ексцентричен изглед кој во исто време е резултат на егзибиционизам типичен за Близнаците.
Нон-стоп е во движење и нема концерт, премиера, значајно дружење кое би можело да го пропушти. Посебно ако тоа и го диктира професијата, бидејќи често може да се врзат за медиумите.
Постојано сè приспособува на сопствените потреби и се труди истото да го прави и со партнерот. Подготвена е да ги искористи сите „женски оружја“, нејзиниот шарм и привлечност за да го добие она што го сака.
Сè што мисли, мисли барем двојно подобро од партнерот. Меѓутоа, ако партнерот ѝ се предаде со самодоверба, таа ќе открие нови светови и ќе направи да се чувствува освежен и вечно млад.
Со неа секој нов ден е како нов живот. Таа е жена со која нема баналности бидејќи знае на се да даде смисла.
Полна е со изненадувања. Кога сте депресивни, ќе ве изненадат со карта за најбараниот концерт или врвен спортски настан. Сè што сака е понекогаш да ја изненадите.