ЖивотУбави совети

Брзи рецепти за вкусни оброци

За денеска, одбравме рецепти за јадења кои се многу вкусни. Следниве предлог рецепти може да ги приготвите за лесен ручек, вечера или пак, да ги послужите како предјадење.

ПОЛНЕТИ ДОМАТИ СО ФЕТА И ОРИЗ

Потребни состојки: 8 домати со средна величина, 250 гр. фета сирење, 250 гр ориз, босилек и лук во прав

Исчисте ги доматите од семето. Настрана, сварете го оризот, па откако ќе се подолади измешајте го со фета сирењето, додадете го босилекот и лукот во прав. Со оваа смеса наполнете ги доматите и печете во стаклен сад за печење во загреана рерна околу 15 минути.

ПОТПЕЧЕНА БРОКУЛА

Потребни состојки: 300 гр брокула, 25 гр ситно сецкан сушен домат, 150 гр кисела, павлака со 20 % масленост., 1 јајце, 100 гр рендан кашкавал, 10 гр рендан пармезан, црна бибер, сол, маслиново масло

Исчистете ја брокулата, исечете ја на парчиња и динстајте ја во солена вода неколку минути, само внимавајте да не се распадне. Откако ќе ја тргнете од оган, прелијте ја брокулата со студена вода и оставете ја добро да се исцеде. Помешајте ги кашкавалот и пармезанот.  Во сад изматете ги јајцата и павлаката и додадете црна бибер и сол по желба и вкус. Во сад за печење кој ќе го намачкате со маслиново масло, наредете ја брокулата и сувите домати. Прелијте ги со смесата од павлака и јајца, па одозгора ставете ја мешавината од кашкавалот и пармезанот. Печете во загреана рерна на 180 °C околи триесет минути. Наш совет е да печете под фолија.

 

 

Поврзани статии

Back to top button