Од васУбави муабети

И ова време се изопачило не знае ни самото какво е можеби не е ни тоа виновно, кога ние сме лоши од полоши…

ВРЕМЕ

И ова време се изопачило не знае ни самото какво е
можеби не е ни тоа виновно,
кога ние сме лоши од полоши
така сигурно и тоа постапува,
затоа им прави штети на луѓето
од материјални па до човечки,
бидејќи за жал се случува некогаш
и живот да се изгуби од временските неприлики,
од силно невреме се изливаат реките,
ги плави куќите и нивите тоа што со труд и мака
со години го стекнале и направиле се им уништи,
но такво е времето не прашува никого
наместо во лето да е топло – тоа само врне и грми
дури на моменти е приспивно те тера на спиење,
затоа нема повеќе ниту есен – ниту пролет
туку само лето и зима,
или ќе е ладно или топло трето нема и нема ни да има,
а човечкиот организам не може
толку бргу да се навикне на климатските промени,
затоа се појавуваат грипови,вируси,настинки,
различни алергии и што ли уште не,
тоа е баш поради времето и временските неприлики.

Затоа и јас во такво лудо време ја напишав оваа песна
каде од сите страни грми и се спрема да заврне
се стемнило ‘ко земја и небо да се составиле,
но такво е и ние луѓето не можеме ништо против него.

Автор – Наташа Алексовска

Поврзани статии

Back to top button