Од насУбави муабети

Би избила “трета светска” војна, нормално не поради негова вина туку поради наша..

Значи не знам што е со маживе?! Како не можат да сфатат една иста работа за која се “поткачуваме” редовно?! Па не зборуваме кинески… Скоро секој втор собир со пријателките го дебатираме истово, ќе си се напиеме некоја чашка ќе си ги искажеме “маките” и ќе си се вратиме покрај него и повторно за истите работи му ситничариме, и тој повторно нема да не разбере и се така во круг… А впрочем, како да не разбере кога навистина понекогаш во толку многу мисли и анализи се губиме самите себе. Несомнено е тоа дека сме поосетливи и повнимателни од нив, но понекогаш од толку многу грижа, забораваме на битни работи меѓу кои и битните работи за него. Потребата за одредени работи си е потреба. На пример често имаме потреба да пиеме кафе со пријателките, да се зазборуваме, да потрачариме малку, да си кажеме која каков проблем има на работа, која колку килограми качила и сл. Тој не толку често, но, одвреме навреме има потреба да си седне со другарите, да поразговараат за синоќешната или за утакмицата фудбал што допрва следува, да си кажат по некоја шега која за нас и не би била така интересна итн. Замислете кога тие би ни замерувале за секој таков собир. За секоја ситница, за секое купено парче облека… Би избила “трета светска” војна, нормално не поради негова вина туку поради наша.. Ние сме познати по кавгите. Нормално, не избувнува, зошто нервите да ги троши за такви работи кога едноставно нема потреба за тоа. Знае дека го сакате. Знае дека се грижите за него. Знае дека ви е единствен и дека човек би убиле за него. Ви верува и ве сака таква каква што сте и покрај тоа што редовно одново и одново му се качувате на глава за истите работи. Затоа не се разбираме со мажите и се разликуваме од нив. А можеби и не е така лошо да почнеме за одредени работи да се огледаме на нив. Па наместо да му замеруваме зошто секој ден после работа сакал да одмори, или да испие некое пиво еднаш во неделата со другарите, искористете го просторот и времето за да го правите она што вам ви се допаѓа. На пример незаменливото кафе со најдобрата пријателка. Пратете му порака дека убаво си поминувате и дека го мислите, посакајте му убав помин што и да прави. На крајот на краиштата со пријателката може да зборувате за “женските проблеми” тој и така не се разбира од тоа, а богами ни вие од фудбал. Утре секако тој повторно ќе биде оној вашиот! Еден и единствен.

Поврзани статии

Back to top button