Убави муабети

Полесно е да растопите железо, отколку да ја совладате женската тврдоглавост

Се одлучивме да ја прославиме женската моќ и нејзиниот карактер. Аплаудираме за сите оние силни, тврдоглави жени кои се борат за своето. Им се восхитуваме на оние жени кои љубат со сето срце. И се радуваме што жените го прават овој свет – подобро место за живеење.

Затоа, ги споделуваме најубавите цитати запишани некогаш за жените.

„Кога жените ги сакаат мажите им опростуваат се, дури и нивните злочини. А, кога не ги сакаат не им опростуваат ништо, дури ни доблестите.“ – Оноре Де Балзак

„Полесно е да растопите железо, отколку да ја совладате женската тврдоглавост.“- Народна поговорка

„Жена не се служи со лаги кога сака да нападне, туку кога сака да се одбрани.“- Јован Дучиќ

„Кога жената ќе рече: ,Не те сакам’, надежта уште не е изгубена, ама кога ќе рече: ,Сакам друг’ – случајот е безнадежен.“- Марк Твен

„Жената која искрено сака, не може да биде ниту неверна ниту зла.“ – Мор Џокаи

„Убавите жени никогаш не се сомневаат во својата интелегенција, ама интелегентните жени секогаш се сомневаат во својата убавина.“ – Исидора Данкан

„Кога жена купува машка кошула, тогаш значи дека е заљубена. Кога је пегла таа кошула, значи дека е омажена. Ако при тоа и пее тогаш е и едното и другото.“ – Салвадор Дали;

„Човек е стварно оженет дури тогаш кога го разбира секој збор на неговата жена којшто таа не го кажала.“- Алфред Хичкок

„Женската посветеност е нејзина најголема убавина.“ – африканска поговорка

„Без жена, на почетокот од нашиот живот би биле лишени од помош,на средината од животот од задоволства, а на крајот од животот од утеха.“ – Џорџ Гордон Бајрон

„Ако ве победува жена во тенис, сменете го спортот. Ако ве победува во бокс, сменете ја жената“ – Мохамед Али

Поврзани статии

Back to top button