Од насУбави муабети

Ќерко ти си човек со свои мисли и чувства кои заслужуваат почит!

Биди свој до највисок степен…
Блогерката и американската писателка Тони Хамер напишала листа на забрани за нејзината ќерка. Според неа, оваа листа треба да и помогне на нејзината ќерка да стане среќна и самоуверена.

Оваа листа е исто така соодветна и за возрасни.

1. Не се извинувај кога некој те напаѓа. 2. Не вели: “Извини што станав проблем за тебе”. Ти не си проблем. Ти си човек со свои мисли и чувства, кои заслужуваат почит. 3. Не измислувај причини зошто не можеш да одиш на состанок со дечкото кој не ти се допаѓа. Ти не треба да објаснуваш никому ништо. Обично “не, благодарам” ќе биде доволно. 4. Не грижи се за тоа што и колку јадеш пред другите луѓе. Ако си гладна, тогаш јади. И јади го она што го сакаш. Ако сакаш пица, не нарачувај салата само затоа што луѓето се во близина. Нарачај си пица. 5. Не ја пуштај косата само затоа што твоето момче така повеќе ќе те бендисува. Ако сакаш да ја скратиш, скрати ја. 6. Не носи фустан ако не сакаш и не се чувствуаш пријатно. 7. Не останувај дома, ако немаш со кого да одиш на прошетка. Оди и уживај во себе. 8. Не држи солзи. Ако плачеш, тоа значи дека чувствуваш нешто. Тоа не е слабост. Тоа е човештво. 9. Не се насмевнувај, бидејќи тоа е побарано од тебе. 10. Не плаши се да се смееш на своите шеги.

Поврзани статии

Back to top button