Од васУбави муабети

Живееме во гаден императив за совршенство…

Живееме во гаден императив за совршенство, на секое поле. Со огромна потреба да се прикаже розова бајка за животната средина во секое време. На сите како им е добро, сите се задоволни, насмеани и среќни од животот, се сакаат и дружат, се забавуваат… Кога ќе погледнеме нечиј личен профил на социјалните мрежи едноставно ако сме плиткоуми ќе помислиме дека секојдневно рози цветаат.

Обајвуваат слики со својот партенер со хаш тагови еден куп #единстевн #животмој #засекогаш #љубовнајголема #среќагоимамнего, додека се изневеруваат и лажат. Нарачуваат и јадат јадење на кои ниту потеклото ниту името не им го знаат, само за да бидат во тренд и да го сликнат за на инста нели. “Како сите, така и јас” е мотото кое ја води денешнава младина. Другарки, гушнати се сликаат и наводно се сакаат, додека една на друга лошо си мислат и наоколу се озборуваат. Стануваат од кревет, се дотеруваат само за да се сликаат, потоа пак си легнуваат. Кој повеќе лајкови ќе собере појак фраер е… Седнуваат на кафе, го фотографираат кафето за да пуштат снепче и не зборуваат секој на својот мобилен си типка.

Жално, жално но вистинито. Не живеат за себе, живеат за да претстават лага на социјалните мрежи. Се додека маската и прекривањето на вистината е најважна се дотогаш ќе имаме младина која ќе прерасне во безчувствителни личности кои погрешниот поглед на животот ќе го пресликаат и на своите деца.

Поврзани статии

Back to top button