ЖивотУбави совети
Време е да се откажете од пластичните кеси за пазарување!
Пластичните кеси се практични за пренос на производите од продавница до дома, тие се наше секојдневие и составен дел од живот и не размислуваме премногу за нив. Пластичните ќеси, иако се многу практични, носат со себе многу штети за животната средина, како и за нашето здравје. Поради тоа, многу градови низ целиот свет веќе наметнаа забрана за употреба на пластични кеси.
Ние истакнавме некои од причините зошто треба да размислите за замена на пластични кеси со платнени торби:
- Пластичните кеси ја контаминираат нашата вода и земја.
- Тие се направени од необновливи извори на енергија и влијаат врз климата.
- Пластичните кеси остануваат во природата.
- Тие се штетни за животните.
- Тие се штетни за здравјето на луѓето.
- Не е лесно да ги рециклирате.
- Тие имаат својата цена.
- Многу држави имаат забрането употреба на пластични кеси, а истото тоа треба да се случи и во нашата земја.
- Постои подобра алтернатива.