ЖивотУбави совети

Подгответе десерт за 10 минути – Пет супер брзи рецепти

Има ли некој кој може да одолее на вкусен десерт?

Ви нудиме неколку ептен едноставни, брзи и супер вкусни идеи за десерт. Нема да ви одземат многу време, не се потребни многу состојки, а ќе ги обожавате.

Бомбици со екстракт од портокал

Ова е наједноставниот рецепт за вксуни бомбици. Се што ви треба е екстракт од портокал, путер од кикирики и мелени бисквити. Количината на состојките ја одредувате сами во зависност од тоа колку бомбици сакате да направите. Ги мешате мелените бисквити заедно со путерот и неколку капки екстракт од портокал додека не добиете хомогена смеса. Потоа само ги оформувате бомбиците.

Руски шубари

Ви требаат ресани, кокос во прав, пудинг од ванила и газоза. Ресаните пресечете ги на пола, испрскајте ги со газоза, оставете ги неколку минутки да ја впијат и спојте ги со пудингот од ванила, така што чоколадната страна ќе биде надворешна. На средина, украсете со кокос во прав или чоколадни трошки.

Овошна салата со кафе

За овој рецепт ви требаат парчиња паднишпан кој може да го најдете во секој поголем маркет, домашно приготвен пудинг, сезонско овошје и шолјичка сварено турско кафе. Испрскајте го паднишпанот со кафе, а кога пудингот ќе биде млак, додадете  ги пандишапните и овошјето. Измешајте се заедно, ставете во високи чаши и оставете да се излади. Украсете со шарени чоколадни трошки или со ореви.

Чајни колачиња со јагоди

Обичните чајни колчиња може да бидат вкусен десерт доколу одозгора им ставите шлаг пена или какао крем и им ставите по една јагода.

Желе коцки со ванила

Во голем сад измешајте слатка павлака, мелени бисквити, ситно исецкани желе коцки и ванила во прав. Сервирајте во чаши за сладолед.

Поврзани статии

Back to top button