Вкусен колач за целото семејство!
Подгответе брз, вкусен и сочен колач од пчена со ананас.
Потребни состојки: 500гр ананас, 120гр путер, 140гр шеќер во прав, 90гр пченично брашно, 60гр пченкарно брашно, 3 јајца и шеќер.
Подготовка: Излупете го ананасот, исечкајте го на парчиња, а потоа на коцки. Во една тава на тивок огран растопете две лажици шеќер во половина лажица вода додека да добиете карамела со боја на мед. Додајте го ананасот и оставете го да зарумени. Потоа, оставете го да се олади, исцедете го и додајте ги двата вида брашно, постојано мешајки. Со дрвена лажица измешајте го кремот со размекнатиот путер, па додајте 120гр шеќер во прав, јајцата, едно по едно, и на крајот додајте ги парчињата ананас. Сето тоа префрлете го во висок калап претходно намастен и напрскан со брашно. Печете го колачот на 180 степени околу 20 минути. Потоа оставете го да се олади, пресечете го и сервирајте го попрскан со шеќер во прав. Од истата смеса може да направите и мафини наместо колач.