МодаУбави совети

Чантите за на плажа нека бидат уникатни!

Подготвувајќи се за летните одмори, трчајќи, купувајќи ова или она, често пати се случува да го изумиме фактот дека за на плажа ни е потребна чанта. И таа треба да биде уникатна и штосна.

Колку и да немате време, и да имате обврски потрудете се да одвоите едно поладне за обиколка низ градот и потрага по несекојдневна и штосна чанта. Преку целата година, додека секојдневно сме на работа не ни е баш во прилог да експериментираме со бои, дезени и шари. Па, ајде сега кога станува збор за чанти за на плажа да уживаме во шаренило и без оглед на годините да си го развеселиме секојдневието. Одберете си модел, боја и големина по свој вкус, уживајте и насмевнувајте се кога и да ја погледнете новата блескава чанта! 

Поврзани статии

Back to top button