ЖивотУбави совети

Настинавте? Како најбрзо да оздравите?

Наглите температурни промени со себе носат непријатности. Ако сте разбудиле со главоболка, запушен нос и блага температура, не очајувајте. Следете не и послушајте ги нашите совети.

Истуширајте се со потопла вода. Прво нешто што треба да го направите по првите симптоми на настинка е да се туширате подолго време со потопла вода. Пареата од топлата вода ќе ви помогне да го одзатнете носот, да исчезне омалаксаноста, и да се намали главоболката. Топлата вода ги релаксира мускулите и на тој начин ја подобрува циркулацијата на крвта. Се препорачува да користите етерични масла за време на туширањето за да се осигурате дека сите ваши сетила уживаат и дека целото тело е опуштено. По туширање, масирајте го телото со миризливо млеко и облечете чиста облека. И спремете се за следниот чекор кон ефикасна борба против настинки.

Подгответе си кралски појадок. Заборавете на диетата, на прескокнувањето на доручекот и на кафето и цигарите. Подгответе богат појадок кој ќе ве наполни со енергија и витамини оти тие се најважни во вакви моменти. Во чаша вода, истурете малку мед, ѓумбир и сок од лимон. Напијте се и топол чај. Овој пакет брзо ќе ја отстрани болката во грлото.

Вежбајте. По богат појадок, никој не сака да трча или да се вежба. Лекарите не препорачуваат тешка физичка активност после јадење, но не е погрешно да направите неколку лесни вежби кои ќе го загреат вашето тело.

Одмарајте. Со цел брзо да се излекувате, неопходно е на телото да се даде доволно време за одмор. По горе наведените ритуали препорачуваме да се вратите во кревет. Вие не мора да спиете, но доволно е да легнете и да не ја губите силата. Во фазата на одмор вашето тело ќе се бори побрзо со настинката и со тоа ќе се зајакне имунитетот.

Прошетајте. Доколку се чувствувате подобро и имате сила ве советуваме да излезете и да пешачите кратко на свеж воздух. За тоа време прозорците од вашата соба нека останат отворени, за и во неа да влезе чист воздух.

Обезбедивме доволно совети за успешно решавање на првите симптоми на вирусот. Повеќето од споменатите симптоми, како што се температурата и болката во грлото, брзо ќе исчезнат. Меѓутоа, ако неколку дена подоцна имате проблем со кашлица, тогаш е време да пиете чаеви кои ќе ги смират иритираните респираторни органи.

Поврзани статии

Back to top button