ЖивотУбави совети
Брз и лесен рецепт за посен куглоф со брусница!
За денес одбравме супер брз и лесен рецепт за куглоф со јаворов сируп, брусница и јаткасти плодови.
Потреби состојки: 1 шолја шеќер, 1 шолја вода, 1 печиво за печење, 2 шолји брашно, 1/2 шолја масло, јаткасти плодови по желба, 100гр сува брусница, 1 лажица путер од кикирики и 3 лажици јаворов сируп.
Во сад за готвење се соединуваат сите состојки освен јаткастите плодови и јаворовиот сируп. Се меша се додека не се добие хомогена смеса. Во претходно намрсен сад за куглов се става смесата и се пече на 220степени од 30 до 45 минути. Откако ќе се олади колачот се прелива со јаворов сируп и со ситно сечкани јаткасти плодови.