ЖивотУбави совети

Стилот се гради од мали нозе!

Секоја мајка која има ќерка сака нејзината да биде најдотераната на свет.

Често се случува да видеме и мајка и ќерка исто или слично облечени, или мајка со одличен стил која за раче шета исто така мала дама со вистински стил.

Па, мајки погрижете се вашите принцези уште од малечки да сфатат дека секоја девојка и жена треба да обрнува внимание на својот изглед. Дотерувајте ја и средувајте и ја косичката.

Дури и за најмалите постојат неколку парчиња облека и модни додатоци кои се задолжителни како штосни стегачи за коса или тенки марами за на глава, класичните мантилчиња до под колена, широки здолништа од тул, очила за сонце, фраерски бели патики, маички со натписи, кожени јакни, искинати фармерчиња, џинс јакна… И се разбира, секоја мала принцеза во плакарот би требало да има еден прекрасен фустан за сите свечености кои се случуваат во овој период од годината.

Инспирирајте се од изборот на фотки и дотерајте ја вашата малечка!

Поврзани статии

Back to top button