ЖивотУбави совети

Што вкусно да ручате денес?

Тестенината е една од омилените и најпопуларните јадења ширум светот, па поради фактот дека многумина од вас обожуваат тестенини, денес за вас подготвивме рецепт кој е идеален за ова време од годината. Шпагети со пире од тиква, на здравје! 

Потребни состојки:
300 g шпагети
200 гр тиква
половина главица кромид
2 чешниња лук
1 павлака
2 лажици путер
1 гранче рузмарин
маслиново масло
сол, бибер
пармезан по желба

Подготовка:
Исечете го кромидот и запржете го на маслиново масло и додадете рузмарин, сол и бибер, па потоа и малку сецкан лук. Сварете ги тестенините а тиквата исчистете ја и исечкајте ја на коцки. Кратко сварете ја во солена вода а потоа изблендирајте ја во блендер. Во смесата од тивка додадете путер, сол и бибер и измиксирајте се заедно за да добиете пире. Пирето од тиква додадете го на запршениот кромид, додадете ја и павлаката и кратко динстајте ја смесата. Во сосот додадете ги тестенините, и малку вода, доколку е потребно. Декорирајте со пармезан.

Поврзани статии

Back to top button