Биди кум и пред Бога, не само на хартија!
Кумството е света работа, исто како и бракот. Да се биде кум е привилегија. Вечно ветување е тоа мили мои. Брат не роден треба да ви е кумот. Крвта различна, но душата иста искрена.
Не одбирајте кум ради реда, не прифакајте старо кумство оти така е обичајот а во животот две кафиња со човекот немате испиено, не одбирајте кум со кој повеќе време не зборувате одколку што зборувате оти ви е од бебе другар. Кумот не треба да е оној кој најскап поклон ќе ви подари, ниту оној кој свадбата ќе ви ја направи. Не е потписот на хартија најважниот момент. Пред Бога кум и кумашин да сте е најважно. Искрено и чесно!
Кумот треба да ви ја знае душата, да ви го знае наравот и да ве има прифатено токму онакви какви што навистина сте, да ве сака и почитува. Кум треба да е човек кој ви е пријател до гроб. Кој за вашата среќа спремен е да ја жртвува дури и својата, кој од неволја ќе ве извлече, кој заедно со вас ќе слави и ќе тагува. Кумот треба да е човек кој дише заедно со вас, и во добро и во лошо рамо до рамо гордо и решително да стои до вас!