Од васУбави муабети

Можеш да си Сѐ што ќе посакаш кога ќе се пронајдеш…

Некогаш гледам во небото, чисто заради еден момент на мир, кога во градот, или во главата почнува да ми станува премногу гласно, премногу тесно. А јас не го сакам веќе тоа.
Научив и почнав да ќутам често меѓу луѓе. Не затоа што немам што да кажам, туку затоа што е убаво да ќутиш. Немаш потреба ништо да кажеш на одреден временски период.
И убаво е да уживаш во таа тишина што ќе ја создадеш во својата глава…а е најубавата градина која можеш да ја замислиш.
Таа тишина смирува.
Додуша, тоа и не е тишина во која ништо не се слуша, не е како да си изгубил слух. Тишината на која јас мислам е звукот на природните нешта. Баш како во таа градина. Неколку распеани птици, допир на ветер, реакција на листовите кога ќе ги погали ветерот, текот и жуборот на реките или потоците…
Ништо гласно. Спокој.
Во самотијата човек сака да размислува, а кога човек размислува се спознава себе си, а кога ќе се спознае себе, човек се менува на подобро.
Најдобро е сам да го одбереш патот. А можеш и во мислите да патуваш со уште една личност…
Таа личност мора да биде од твојата сорта. Не може на друг начин, зошто тогаш не би било тоа тоа…ќе ти се испреплетат мислите со немир…
И верувај во својата насока.
Верувај во тишината.
Предади се на спокојот.
Можеш да си Сѐ што ќе посакаш кога ќе се пронајдеш…
Одбери да си чиста душа.
Сѐ има смисла…

Маја Спасовска

Поврзани статии

Back to top button