Од васУбави муабети

Летни труења со храна: Д-р Ангелчо Андоновски

Труењата со храна за време на летниот период се најчеста појава кај децата. Интоксикацијата или труењата најчесто се случуваат при прием на храна за време на летниот период. Почнувајќи од млечни продукти, месни продукти па се до интоксикација од интоксицирани зеленчуци и овошја. Знаеме дека храната може да биде контаминирана од многу причини и фактори. Транспорт, долго чување, несовесно работење и ред други причини. Најчесто се работи за бактериска контаминација, но може и да е причина и некој друг момент кој е составен дел на самата храна.

Зеленчукот и овошјето доколку не соодветно се чуваат исто така можат да предизвикаат појава и развој на бактериолошки момент кој подоцна при самата конзумација може да предизвика труење.

Како родителите можат да препознаат труење?

Веќе по неколку часа по влезот на контамираната храна се појавува очигледна слабост, детето целосно може да “потоне” почнува потење во голема мера, но без висока температура. Брзо потоа почнуваата повраќањата упорно, во бранови. Треба да се знае дека детето продолжува со повраќање и понатаму детето исфрла жолтеникава содржина иако желудникот е празен. Обично е проследено со пролив со обилни водени столици. Некои деца немаат изразена дијареа но болките и иритациите се во долниот дел на стомакот и се постојано во тоалет и со нагони за повраќање. Се појавува слабост, вознемиреност и специфичен грчевит израз на самото лице на детето. Овие симптоми се всушност показател дека станува збор за губење на големи количини на течности но исто така и аларм за да детето да се однесе веднаш на педијатар.

 

Што треба да се превземе при ваква состојба?

При продолжување на целата симптоматологија и продолжени дијареји и повраќања задолжително се носи детето на педијатар.

За разлика од инфективни проблеми или вирусни цревни инфекции овдека состојбата е алармантна. Обично треба да се спроведе рехидрација орално но доколку тоа не може да биде изведено , треба да се започне со давање на течност и прекувена (интравенскарехидратација). Во некои случаи кај лекарите е проблем за носење на одлука поготово кај дебелите деца кај кои понекогаш е многу тешко да се процени степенот на загуба на течности од телото.

 

Аларм кога?

Штом детето почне да тоне, да одбива течности, да е поспано и да пробува да е сомнолентно , т.е неконтактибилно тоа е знак за АЛАРМ!

 

Што е она што треба да пробаме да го направиме?

  • Доклку детето бара течност да се дава но пополека -оралнатарехидратација е важна доколку не сакаме да детето заврши во болница. Се даваат чајчиња, вода и повремено електролит доколку сето тоа е проследено со чести повраќања и појава на дијареа( течни многу бројни столици )
  • Прво, детето треба да се стави во полуседечка положба, тоа ќе го олесни излевањето на течност од желудникот во хранопроводот, па дури и преку устата.
  • Една до две лажици течност на секој пет до десет минути е добар рецепт.
  • Ако детето се уште повраќа на секој половина час, треба да биде даден препарат кој ќе ја намали дразбата на желудникот и неговата иритација.
  • На самиот педијатар ќе му биде полесно да се одлучи за понатамошно лекување доколку сите податоци во врска со повраќањето и дијарејата бидат дадени од страна на родителите.

Третман?

Прво да се намали иритацијата на желудникот, да се даде соодветна количина на  течности, пробиотик и активен медицински јаглен. Се останато преку проверка на крвна слика, електролити и останати параметри да ни се показатели за понатамошен третман околу дехидрираното дете. Јавете се на педијатар доколку сите овие симптоми не можете сами да ги санирате.

Д-р Ангелчо Андоновски

Поврзани статии

Back to top button