МодаУбави совети
Безвременски патики за секоја пригода!
Омилени се и на мажите и на жените. All star патиките се носеле низ минатото, се носат денес, и со сигурност тврдиме дека ќе се носат и во иднина. Нешто што е најважно е дека се премногу удобни.
Ги има во сите бои, високи до над глужд и ниски. Сега се повеќе ги има модернизирани, златни, сребрени, со тул, со нитни и во секакви дезени. Искрено од класичните еднобојни поубави нема! За нив нема одреден моден аутфит, едноставно одговараат и може да се комбинираат на се. Доколку се уште немате набавете си побрзо и скратете си ја маката да размислувате што удобно да обчечете.