Убави вести

Ако немаш насмевка, ќе ти дадам една од моите…

Светот денеска го одбележува денот на насмевката. Овој меѓународен празник се одбележува секој прв петок во октомври, а за прв пат бил одбележан во 1999 година, по иницијатива на Харви Бол, дизјанерот на популарното електронско смајли. 🙂

Ги споделуваме со вас најубавите мисли за насмевките. Уживајте и насмевнете се!

„Ако немаш насмевка, ќе ти дадам една од моите.“ – непознат автор

„Секоја насмевка ве подмладува за еден ден.“ – Кинеска поговорка

„Ако сега се насмевнете, ќе забележите дека животот и понатаму вреди да се живее.“ – Чарли Чаплин

„Луѓето ретко ја забележуваат старата облека, доколку носите широка насмевка.“ – Ли Милдон

„Потребни се 17 мускули за да се насмеете и 43 за да се намуртите.“ – непознат автор

„Насмевката е универзалното добредојде“. – Макс Истман

„Понекогаш радоста е причина за насмевка, но и насмевката може да биде поттик за радост.“ – Тих Нхат Хан

„Животот е како огледало, ги добиваме најдобрите резултати кога се смееме.“ – непознат автор

„Токму ти си нечија причина за насмевка.“ – непознат автор

„Пред да наместите намуртена фаца, проверете дали немате насмевка на располагање.“ – Џим Бегс

„Некои луѓе се премногу уморни за да се смеат. Ним, подарете им една од вашите насмевки.“ – непознат автор

„Носи насмевка и ќе имаш пријатели, носи намуртено лице и ќе имаш брчки.“ – Џорџ Елиот

„Денес, подарете му насмевка на некој непознат. Тоа може да биде единствената светлина што тој ќе ја види во текот на денот.“ – Х. Џексон Браун Џуниор

„Еј, денес немам ништо друго да правам освен да се смеам.“ – Пол Сајмон

 

Поврзани статии

Back to top button