Убави вести

Зошто гумените бонбони се добри за нас?

Гумените бонбони одамна важат за нездрава храна, поради тоа што содржат големо количество на шаќер, вештачки ароми и разни бои.

Но, главната состојка во ова слатко задоволство, според неколку последователни истражувања на американски експерти е одлична за нашето здравје, а тоа е желатинот.

Желатинот претставува добар извор на протеини кој не содржи масти. Притоа, тој влијае поволно на здравјето на кожата бидејќи е извор на колаген, кој е важен за одржување на еластичност и младоликост на кожата.

Желатинот исто така позитивно влијае и на системот за варење, доколу не претераме со количината, благодарение на аминокиселината која ја содржи, наречена глицин. Американските научнициоткриле дека глицинот помага и при несоници. Исто така, консумирањето на желатин е добро за оние имаат проблем со зглобовите.

И се разбира, сите знаеме дека пакување гумени бонбони веднаш го подобрува расположението и ни измамува многу, многу намсевки!

Поврзани статии

Back to top button