Од насУбави муабети

Добар или убав партнер?

Не судете по физичкиот изглед, не бркајте ја среќата од вас. Често пати трчајки по среќата сме како заслепени, не гледаме дека ни е пред нос. Девојките додека се мали, млади и наивни мислат дека се е во физичката привлечност. Дека утре со некој човек би живееле убаво само поради неговите убави усни, само поради слатките бакнежи или само поради фактот дека токму тој е еден од најзгодните момци во тоа време во градот.

Но, како растат треба да разграничат и да разберат некои работи. Убавината за жал е пролазна работа и од неа не се живее. Што вреди ако момчето е како излезено од модна сцена а нема внатрешни квалитети. Па еден ден мускулите ќе опаднат, брчките ќе ја засенат привлечната насмевка. Нешто кое не поминува е карактерот. Вие бидете среќни па пронајдете и убав и добар. Но, ако треба да бирате не двоумете се. Наместо убав одберете добар партнер. Добриот партнер ќе има разбирање за вас, за вашите желби, маки и приоритети. Ќе сака да ве изненади со убав ручек иако можеби нема да знае ни г од готвење. Нема никогаш да ве навреди, натажи и повреди. Дланките ќе ви ги држи гордо и цврсто каде и да оди со вас. Нема да ве изневери, ќе биде среќен и задоволен од фактот дека вие сте само негова. Нема да се осуди да крене рака на вас. Нема да ве озборува и омаловажува пред пријателите, а кога некој ќе го направи тоа во негово присуство тој ќе заборави засекогаш на тој човек. Ќе ве освојува секој ден, одново и одново. Ќе се труди љубовта да ја надоградува а не да живее на стара слава. Ќе го обожува времето поминато со вас. Ќе заспива и ќе се буди покрај вас, со мирна совест и чисто срце.

Зарем ова не е доволно? Зарем повторно би се одлучиле за убав наместо за добар партнер?

Поврзани статии

Back to top button