Убави книги и филмови

Љубовни приказни кои ќе ви го одземат вниманието

Во продолжение ви нудиме три интересни љубовни приказни од кои со тешко срце ќе се разделите. Ќе ги прочитате во еден здив и ќе прашате дали има уште 🙂

Те нема никаде (Јелена Бачик Алимпиќ) Љубовта не се избира, исто како и смртта. Сè е веќе запишано некаде одамна во небесата. Не можеш да и се спротиставиш на судбината, ниту да ги прескокнеш денот или ноќта. Би сакала да не го љубев толку многу. Тогаш можеби немаше да бидам решена  да направам злостроство, ако се вика злосторство тоа што го направив. Смееме ли да му судиме некому кој жртвувал сè за љубовта?

Запри, срце (Зорана Шулц)  Напишана е моќно, возбудливо и потресно. После една случајна средба таа му се предава неочекувано и ја открива длабочината на страста каква што неможела ни да замисли. Отстапува од се во што верувала дотогаш, за да биде блиску до него. А потоа годишните времиња почнуваат да се менуваат, децениите да минуваат, времето да исчезнува меѓу украдени средби. И до крајот на животот нема да посака никој друг освен него.

За љубовта и другите демони (Габриел Гарсија Маркез) Главната тема во романот е трагичната љубов на свештеникот Каетано Делаура и девојката која се наоѓа во женски манастир. Со неговото доаѓање, кај неа започнува едно незауздано кршење на сите правила, претставено со недозволената љубов меѓу свештеник и калуѓерка.Приказната го потврдува постоењето на двете есенцијални човекови потреби: моќта на љубовта и нужноста од љубов. Низ целиот роман се проткаени прашањата за нашата (не)способност да ги потиснуваме чувствата и да се бориме против нив. Токму тие чувства можат да нè натераат да полудиме, можат да нè трансформираат, да нè уништат или, едноставно, да нè спасат.

.

Поврзани статии

Back to top button