Ја читате ли Ема Чејс?
За денес одбравме три супер интересни книги од авторката Ема Чејс кои вредат да бидат прочитани.
Испревртени (Ема Чејс) Постојат два вида на луѓе во светот. Оние кои бараат и оние кои се подготвени да скокнат. Јас отсекогаш сум била повеќе за барање. Претпазлива. Секогаш со однапред подготвен план. Тоа се промени откако го сретнав Дру Еванс. Тој беше толку упорен, толку сигурен во себе, дури и за мене. Но, не сите љубовни приказни завршуваат среќно засекогаш. Дали мислите дека Дру и јас отидовме да го гледаме зајдисонцето? Приклучи се во клубот. Она што го сфатив е дека старите навики тешко умираат, а понекогаш треба да се вратиш назад од каде што си почнал за да можеш да продолжиш напред.
Заплеткани (Ема Чејс) Страсна, духовита приказна за човек кој што знае многу за жените… само не толку колку што тој мисли дека знае. Како што тој ни ја раскажува приказната, Дру дознава дека единственото нешто што никогаш не го посакувал во животот станува она без кое тој не може да живее. Прв дел од серијалот Заплеткани.
Врзани (Ема Чејс) Секси романсата на еден од најпродаваните автори на Њујорк тајмс, Дру и Кејт се нетрпеливи да се врзат, ако претходно ги преживеат свадбените церемонии. Во поголемиот дел од мојот живот, не ни помислував дека ќе се оженам. Но, Кејт го направи невозможното: таа ме промеНи. мислам дека сите можеме да се согласиме дека претходно бев неверојатно заводлив, но сега сум дури и повеќе.
Неочекуваните инциденти во Вегас минатиот викенд можеа да предизвикаат голем проблем. тоа беше еден вид … мој конечен тест.
Знам што си помисливте, по ѓаволите, како можеше да го сториш тоа? релаксирајте се. Не ме осудувајте или пак не се повикувајте на моја кастрација, додека не ја слушнете целата приказна.
Држете се цврсто, ви следи едно лудо возење.
Дали очекувавте нешто друго?