ЖивотУбави совети

Што треба да пиете пред спиење?

Колку пати сте слушнале дека не треба да јадете пред спиење, за да немате проблеми со тежината? Но, сепак, постојат некои пијалоци кои би биле идеални за да се пијат пред спиење, како некој вид детоксикација во ноќните часови, за успешно да се тргнат неколку сантиметри од половината.

Состојките на овие детокс напивки имаат корисен ефект врз нашиот организам и ќе го активираат нашиот метаболизам и ќе ни олеснат да ја изгубиме телесната тежина.

1. Сок од краставица – Краставицата има малку калории, богата е со антиоксиданти и го чисти вашето тело од сите штетни материи во текот на ноќта. Свежа краставица со вода пијте пред спиење. Ќе го видите резултатот по само неколку дена. Таа напивка ќе биде уште поефикасна ако додадете свеж ким, сок од лимон на сокот од краставица.

2. Чај од ѓумбир – Овој чај помага вашето тело подобро да ги апсорбира хранливите материи, а експертите велат дека е најдобро да се пие пред спиење. Исто така, ќе помогне во подобро варење на храната. Чајот од ѓумбир ќе биде неспоредливо вкусен ако додадете малку лимон.

3. Сок од грејпфрут и цимет – Сокот од грејпфрут е богат со витамин Ц, а пред се влијае на квалитетот на вашиот имунитет. Покрај тоа, овој пијалок го забрзува метаболизмот.

 

Поврзани статии

Back to top button