ЖивотУбави совети

Протеинска салата со туна и наут која заменува ручек

Салатата со туна, наут и авокадо е комбинација на прекрасни ароми и вкусови, а освен што е пријатна за јадење, полна е со протеини, влакна и здрави масти. Идеална е за ручек или вечера, особено е погоден оброк за кога немате многу време да подготвите здрав оброк.

Потребни состојки:

2 конзерви туна
400 гр варен наут (конзервиран)
1 големо авокадо, излупено и исецкано на парчиња
2 грста шери домати, исечени на четвртини
1 голема свежа краставица, излупена и исечена на кругчиња
½ главица иссецкан црвен кромид
1 шака рукола

Сос:

¼ шолја маслиново масло
3 лажици сок од лимон
1 лажица сецкан магдонос
1 лажичка лук во прав
¼ лажичка сол

Подготовка: Сите состојки измешајте ги и прелијте ги со сосот. На здравје!

Поврзани статии

Back to top button