ЖивотУбави совети

Што говорат нозете и рацете за вас и онаму каде што не изговарате зборови…

Може многу да се научи за некоја личност, ако се посматраат нејзините раце или нозе, и нивните движења. Рацете и нозете се совршен показател за емоциите и ставовите на секое човечко суштество, дури и кога тие не се многу “активни”, зборуваат повеќе од зборовите, велат психолозите.

1. Ако не ви се допаѓа личноста.

Најпрво ќе ве издадат нозете. Експертите за невербална комуникација често велат дека нозете се најискрениот дел од телото. Ако сте во просторија со некој што не ви се допаѓа, нема да направите гримаса или нешто слично. Сепак, вие несвесно ќе ги свртите нозете настрана од личноста што не ви се допаѓа.

Истото важи и за ситуацијата во која сте со прекрстени нозе – автоматски ќе ги насочите нозете кон личноста која ви е симпатична.

Прекумерното озборување, немир и недостаток на концентрација се знак дека не ви е пријатно во тоа друштво. Кога во тек на дискусија ќе почнете да покажувате со разе, а дланките ви се надолу поставени тоа зачи дека сакате да доминирате и да се воздигнете себе си без намера да се откажете од своите ставови.

 

2. Ако личноста ви се допаѓа.

Кога сте заинтересирани за некоја личност во друштвото, автоматски сте посклони да имате поприсутен став. Вие сте релаксирани и смирени, и тогаш нема ненадејни и непланирани движења на телото.

Ние секогаш ќе се потпреме кон луѓето кои ни се симпатични, со главата и остатокот од телото. Со нив ќе разговараме со раширени раце кои го симболизираат прифаќањето, отвореноста и чувството на доверба што ја имаме кон личноста.

Поврзани статии

Back to top button