ЖивотУбави совети

Ручек за половина час – Печени пилешки батаци во мед, ништо полесно и повкусно..

Состојки (за 4 лица)

4 батаци со карабатак (800 гр.)
1 лажица мед
1 лажица соја сос
1 лажичка кари
1 лажица масло
сок од еден лимон
600 гр моркови
20 гр путер

Начин на подготовка

Направете прелив од мед, соја сос, кари, масло и сок од лимон. Потопете го месото во подготвениот сос, наредете го во плех и печете во рерна 30 минути, додека не добие убава боја.

За тоа време згответе го морковот исечкан на стапчиња, па набрзина испржете го (пржете го) на врел путер.

Совет плус: Морковите се важен зеленчук во човечката исхрана бидејќи содржат најголема количина на каротин. Коренот може да се јаде свеж, како салата или рендан и посипан со малку лимон и шеќер. Редовно се готви во супа или се динста во затворен сад со путер, како прилог. Може да се кисели за зима и да се замрзне.

 

Поврзани статии

Back to top button