Што го успорува метаболизмот?
Некои навики, колку и да ви се чинат неважни може многу да го забават вашиот метаболизам, а со тоа и процесот на слабеење.
Кои се тие навики?
Пиењето кафе без кофеин
Кофеинот помага во забрзување на метаболзимот за 15 проценти.
Јадењето нискокалоричен појадок
Појадокот треба да биде обилен и богат со проетини и јаглехидрати доколку не сакате да ја успорите работата на вашиот метаболизам.
Нарушен биоритам
Доколку секој ден легнувате во различно време, а за време на викендот спиете до попладне може значително да ја намалите работата на вашиот метаболизам.
Не пиење доволно вода
За правилни метаболички процеси, потребно е телото да е хидрирано. Затоа, не заборавајте на водата! Ако треба наместете и аларм кој ќе ве потсетува дека е време да се напиете вода!