ЖивотУбави совети

Лоши навики поради кои сте и понатаму сами…

Ако не сте имале партнер подолго време, причина може да биде погрешното однесување во машко друштво. Не очајувајте, единственото нешто што треба да научите се некои нови вештини …

1. Ментален став на очајнички
Ако сте премногу достапни за човекот кој ви се допаѓа, можеби нема да биде заинтересиран за вас. Сето ова, како што објаснуваат експертите, се одвива во мозокот кој во голема мера е под влијание на еволуцијата, но исто така и хормони. Очајните жени имаат само едно решение – мора да се изградат однатре, да градат самодоверба и да прифатат дека осаменоста не е крај на светот.

2. “Што сме ние двајца?”
Д-р Бил Гордон, терапевт кој со години ги проучувал човечките емоции и однесувања, укажува дека жената никогаш не треба да побара од мажот да се дефинира врската.
“Тоа е заморно, бесмислено и всушност неонски знак на сложена жена која не си расчистила некои работи со себе. Ако треба да прашате некого за вашата врска, одговорот е јасен – не сте вие и вашите емоции важни”, вели д-р Гордон.

3. Премногу нападливост
Помалку или повеќе, сите луѓе се плашат од интимност. “Кога чувствувате дека некое лице е премногу нападно и ви се приближува, вашиот мозок почнува да се брани, барајќи безбедност. Имагинацијата напаѓа, се заканува, а напорноста е исклучително непривлечна “, вели д-р Гордон.

4. Не дозволувате да биде ваш заштитник
Без разлика колку не е модерно, денешниот маж сака жените да го гледаат како заштитник. Ако припаѓате на група жени кои се претставуваат како силни и независни, не ќе можете да привлечете никого.

5. Премногу приказни
Мажите и жените се различни. Поради окситоцин, но исто така и некои други хормони, жените блискост изразуваат со прегратки и маратонски разговори. Мажите функционираат поинаку. За нив прегратки и приказни “од утро до утро” се неприфатливи. “Пред да ги осудите, знајте дека нивниот мозок функционира само така. Ова е една од разликите меѓу половите што мажите и жените треба да ги прифатат “, вели д-р Гордон.

Поврзани статии

Back to top button