Шок – салата: Наполнете го организмот со енергија
Освежителна и уникатна салата полна со витамин Ц е одлична идеја за освежување и надополнување на организмот со енергија. Брза и едноставна за подготовка. Уживајте!
Состојки:
1/3 чаша алкохолен оцет
2 чаши добро исцедена и исецкана кисела зелка
2 чаши рендан морков
1 чаша исечкан целер
1 чаша исечкана зелена бабаура
1/2 чаша исечкан лук
1/4 чаша исечкана црвена пиперка
1/2 чаша шеќер
Црн пипер и сол по вкус
Во голема чинија ставете ги зелката, морковот, целерот, бабурите, црвената пиперка и лукот. Во одделена чинија измешајте го оцетот со шеќерот, солта и црниот пипер. Вака подготвениот сос прелијате го преку зеленчукот и добро измешајте. Оставете ја салатата во фрижидер најмалку три часа пред служење. Подготвената салата може да трае и до една седмица.