ЖивотУбави совети

На ефтин начин збогувајте се со брчките и нерамнините на лицето!

Ако сте една од оние жени кои се залагаат за природна козметика, имаме еден одличен рецепт за вас. Домашна маска која ги привлекува сите жени, и оние жени кои сакаат козметички производи кои се поевтини, а делуваат како поскапи, бидејќи младешки изглед е нешто кон што сите се стремиме, без оглед на тоа колку сме всушност различни и возрасни.

За да ја направите оваа маска ви требаат само неколку состојки од кујната. Оваа маска ќе и даде на вашата кожа свежина, еластин на кожата и намалување на видливоста на брчките, што е токму она што ви треба.

Неопходни состојки:

1 лажичка пченкарно брашно
1 лажица кисела павлака
5 лажици сок од морков
100 ml вода
Подготовка: Додајте го пченкарното брашно во водата, добро промешајте и ставете го да се вари на тивко. Се меша постојано се додека смесата не стане густа, потоа отстранете ја од огнот и оставете да се излади. На крај, додадете сок од морков и павлака и добро измешајте.

Пред нанесувањето, темелно исчистете го лицето и оставете ја маската на лицето половина час. Исплакнете со млака вода. Може да ја повторувате постапката неколку пати неделно.

Поврзани статии

Back to top button