Убави книги и филмови
Филм за убав ден
За денеска, одбравме филм кој ќе ве натера на размислување и согледување колку понекогаш животот знае да биде неправеден. Затоа, треба да му се радуваме на секој миг.
И најтешките ситуации во животот треба да се преживеат со позитивна мисла. Филмот The Hollars е приказна токму за таквите ситуации, комична драма за борбата со најстрашната болест – ракот. Приказна која раскажува за изместените вредности во животот, проблемите кои може да се појават неочекувано и болката која е неодминилива. Режисер и сценарист на филмот е Џон Красински, а главните ликови ги толкуваат Марго Мартиндал и Шарлот Копли.