Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Денешниот предлог за филм е малку постаро филмско остварување, но премногу добро и вредно за гледање!
Вил Фримен е маж кој е циничен и незрел. Не се грижи за блиските луѓе. Љубовните врски не му успеваат. Бега од обврски. Себичен е. Но, сето тоа има голема шанса да стане минато кога во неговиот живот ќе влезе едно харизматично дете кое ќе го научи Фримен на важни животни лекции.
Филмот е во режија на Крис и Пол Веиц, а главните улоги ги толкуваат Хју Грант и Николас Холт.