Убави книги и филмови

Наградуваме – „Зима со мирис на капини”

http://www.sakamknigi.mk во соработка со http://www.ubavo.mk на еден верен читател или читателка ќе ја доделат книгата “Зима со мирис на капини”. 

Eмотивна приказна за две жени кои живеат во Сиетл, едната во 1933, а другата во 2010 година. Едната е самохрана мајка, со тажна љубовна приказна зад себе, а другата се обидува да си го спаси бракот и да преболи трагедија. Иако навидум нивните животи немаат допирна точка, се покажува дека ги поврзуваат многу повеќе работи отколку што мислат.

Зима со мирис на капини е светски бестселер преведен во 30 земји и воедно една од најпопуларните книги на авторката Сара Џио, која има сличен стил на Кристин Хана и Лусинда Рајли.

Поврзани статии

Back to top button