Филм за убав ден
Одбравме возбудлив трилер за една комплицирана љубовна врска, филм кој е мистериозен и нема да можете, а да не го догледате.
Филмот “Gone Girl“ е сниман според истоимената книга на Џилијан Флин. Книгата долго време беше една од најпродаваните книги во Америка, а филмот рушеше рекорди во гледаност низ кината ширум светот. Филмот е режиран од Дејвид Финчер, а главните улоги ги толкуваат Розамунд Пајк и Бен Афлек.
Овој психолошки трилер ја следи приказната за Ејми и нејзиниот сопруг Ник. На денот на нивната годишнина од брак, Ејми исчезнува без трага, а Ник е главниот осомничен за тоа. Бидејќи Ејми е позната личност, нејзиното исчезнување станува топ тема во медиумите и сите ја бараат оваа жена… Гледајте го филмот и откријте зошто оваа жена исчезнува и каков бил нејзиниот брак…