Од васУбави муабети
Улици по кои никогаш не отидовме..
Во мене остана една мисла. Во неа
остана само твоето. Остана она што
требаше да биде наше. Нашето наше.
Никаде нашето наше. Останаа
неречени среќи. Непосакани желби.
Улици по кои никогаш не отидовме.
Гласови кои никогаш не ги чувме.
Остана време за да се брои. Да не се
полни. Ми остана ти со мислата во
моето посакано идно време. Толку ли
можевме јас и ти? Не. Јас и ти само
толку сакавме. Толку не сакавме.