“За добар брак не е потребен труд, он или ќе биде добар или лош”
Ако навистина верувате во брак и сакате да го зачувате, важно е да ги препознаете сите заблуди, бајки и недоразбирања, за да не станете уште една бројка плус во статистиката за развод.
Лага бр.1 “Љубовта победува се”
Оваа предрасуда ја поддржува идејата дека “романтична љубов” е доволна за надминување на главните проблеми и пречки. Поради ова верување кога ќе се сретнете со првите проблеми како брачна двоја ќе ги загубите своите илузии и ќе се расправате секојдневно за животни прашања – пари, односи со родителите и роднините, обврски, цели… Сопружниците се обвинуваат едни со други, наместо да сфатат дека нивните очекувања се премногу високи и нереални и дека тоа е основата на проблемот.
Лага бр.2 “За добар брак не е потребен труд, он или ќе биде добар или лош”
Повеќето двојки кои потклекнуваат на оваа заблуда веруваат дека потребата за постојано инвестирање во врска, со напор на работа и за работа, е доказ дека изборот на партнер не е правилен. Всушност, во мал број случаеви, виновникот не е еден од партнерите – туку се нереалните очекувања за брачниот живот.
Лага бр.3 “Доволни сме си еден на друг”
Оваа заблуда е заснована на верувањето дека партнерите во среќен брак мора се да прават заедно. Сепак, квалитетен, здрав брак значи нешто друго – брачните другари треба да ја задржат индивидуалноста, како и слободата целосно да се реализираат како поединци. Ако не си ја дозволите еден на друг способноста да ги остварите личните цели, односот ќе стагнира, и вие или вашиот партнер ќе се чувствувате како “затвореници”.
Лага бр.4 “Бебе ќе ни го спаси бракот”
Ако верувате во оваа погрешна мисла и родите дете со надеж дека ќе допрете подлабоко до вашиот партнер, тогаш бидете подготвени за можноста да го добиете спротивното. Подигањето на детето бара многу напор и емоционална инвестиција. Значи ова нешто може да го дестабилизира дури и најздравениот и најсреќниот брак, а камоли врската која веќе е “на несигурни нозе”.
Лага бр.5 “Партнерот мора да ги задоволи сите мои потреби”
Ова мислење е многу нереално и наметнува логично прашање: “Како едно лице може да ги задоволи сите наши потреби?” Сепак, нашето потсвесно очекување, кога станува збор за бракот, може да нѐ воведе во ситуација кога нашиот партнер е длабоко разочаран и повреден.
Лага бр.6 “Среќните парови никогаш не се расправаат”
Несогласувањата и расправиите во односите се факт на живот. Ако избегнувате “чувствителни” прашања кои треба да се решат, и двајцата ќе станете фрустрирани. Резултатот од ваквите чувства, ако трае долго, може да биде неизбежен и пресуден за бракот.