Од васУбави муабети

Го знаете она чувство кога не сте крвно поврзани а сте најблиски на светот?

Го знаете она чувство кога не ти сте крвно поврзани а сте најблиски на светот? Кога некоја друга личност ја чувствувате како дел од вас, како своја? Јас тоа чувство го имав и уживав години наназад, растев со тоа чувство. И верував колку на себе си што си верувам. Растевме заедно, си помагавме, понекогаш и си одмагавме, но се тоа беше убаво и незаменливо. Делевме се, спиевме во ист кревет, плачевме двете кога едната тагува, се радувавме двете кога едната прославува. Таа ми беше утеха и засолниште. Таа ме познаваше подобро од самата себе си што се знам. Исто и јас неа. Некогаш не беа потребни зборови, со поглед се разбиравме.

Имам многу другарки, но блискост како со неа со никоја друга немам. Се уште мислам дека само една верна, најверна другарка може да се има во животот. Иако мојата таква единствена ме изневери, ме повреди и излажа. После нашето другарство јас останав сама, сама со болката која таа ми ја зададе. Ме повреди. А, таа болка боли дупло повеќе баш зошто е од неа. Никогаш не помислив дека она може толку многу преку ноќ да се промени, во очи да ме гледа и да ме лаже без трошка жал и срам.

Не сум сама, имам другарки, блиски и не многу блиски, но неа ја немам. Ме нема мене за да го има него, тој по кој јас тагував и со кој години потрошив. Жал ми е за неа, истото што јас го живеев со него сега таа го живее. Па најдобар да беше она немаше да смее да го погледне, а не па вака кога ги знае сите негови мани. Таа знае се за него, како што знае се за мене. Беше дел од мене а сега е само умрена другарка, умрена утеха и среќа. Нека биде среќна, ако воопшто може, но за мене таа е мртва.

Поврзани статии

Back to top button