ЖивотУбави совети

Тест: Дали нешто ве измачувало во изминатиот период? Што точно ви е потребно во животот за да напредувате?

Милиони луѓе се воодушевени од овој психолошки тест, а кога ќе се решите и вие, ќе сфатите зошто е така!
Дали нешто ве измачувало во изминатиот период? Проучивте ли што точно ви е потребно во животот за да напредувате? Овој тест ќе открие како всушност стојат работите…

Кој симбол највеќе ви го привлече вниманието?

1. Лав
Ова ја симболизира вашата потреба да имате контрола над својата судбина. Лав претставува симбол на сонце – крајниот извор на моќ. Овој избор укажува на тоа дека сте направиле се што може за да живеете добро, но сепак се чувствувате заробени и како да не можете да продолжите. Се уште ве загрижуваат прашањата што и како понатаму.

Мора да прифатите дека вашиот живот е токму онаков каков што треба да биде, а кога ќе се смирите, ќе ви се отворат други начини и можности. Сите ваши досегашни избори се направени со причина и вие мора да се помирите со тоа.

2. Песочен часовник
Ако сте избрале песочен часовник, значи да се чувствувате заглавени во времето. Сте доживеале некое болно искуство кое се уште ве држи во минатото. Немате енергија, но мора да гледате напред и да сфатите дека животот е навистина убав.

Треба да се помирите со минатото и да продолжите понатаму. Ќе се чувствувате подобро отколку порано кога ќе сфатите дека сите досегашни трагедии се всушност лекции за иднината. Живејте во сегашноста, бидејќи кога ќе научите да го почитувате времето тоа ќе стане ваш пријател.

3. Месечина
Вашето срце моментално е како бојно поле. Нешто силно длабоко во вас не дозволува да имате мирен сон. Дали е тоа лутина, гнев или само страст?

На вас ви е потребен мир а најдобар начин за тоа е да ги искажете чувствата искрено и отворено. Признајте си на себе и на партнерот што чувствувате.

4. Клуч
Сè што мислевте и во што верувавте наеднаш беше ставено на испит. Можеби сте се изгубиле од потрагата по вистината и по точни одговори. Можеби ви е сè тоа сега дури и досадно.

Време е да се запознаете со другата страна на животот преку нови авантури и предизвици. Ќе се најдете во одредени ситуации кои ќе ви помогнат да го совладате моменталниот период. Неопходно е да отпатувате некое време, барем на некој ден.

5. Рака
Изборот на овој древен симбол укажува на тоа дека сте опколени со негативна енергија. Вашиот дух се стреми да се ослободи од тоа, ако забележите дека се работи за некои чудни работи, тоа значи дека нешто однатре се обидува да ве предупреди за ситуацијата.

Но, интересно е дека ние сме секогаш заробени од страна на злите сили, но и дека секогаш имаме избор да се ослободиме од тоа. Најдете време за луѓе кои ве сакаат и за релаксација. Љубете се, за да ве љубат и другите.

 

Поврзани статии

Back to top button