ЖивотУбави совети

Домашен спреј за супер хидратација

За време на летниот период, на кожата и е потребна дополнителна хидратација. Наместо да фрлате огромна сума на пари за хидратантни продукти, направете домашен спреј за хидаратација кој е одличен за освежување на кожата и на лицето, но и на телото.

Потребни ви се 2дл. дестилирана вода, 1 лажица сок од зелен лимон, 1 лажица сируп Алое вера и 1 лажица ситно исецкано нане.

Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте се додека не добиете течна и изедначена смеса. Низ газа процедете ја течноста во шише со распрскувач. Спрејот чувајте го во фрижидер, а може да го користите и месец дена.

Поврзани статии

Back to top button