Убави вести
Супер интересен настан за сите љубители на пишаниот збор!
На иницијатива на љубителите на пишаниот збор од групата „Размена на книги“, следната сабота ќе се одржи Книжевна дружба и размена на книги во Кафе книжарница Магор, Скопје од 17 до 19 часот.
На распоредот има:
– Книжевно бинго – со книжевни награди за најбрзите учесници!
– Blind date with a book (сите заинтересирани за учество во овој дел треба да донесат една спакувана книга како на следниот линк https://blinddatewithabook.com/
– Размена на книги по принципот донеси 1, земи 1 (нема ограничување на бројот на книги и јазици на кои се напишани истите)
– Книжевни разговори и дружба
– Кутија за донации за Клиниката за детски болести Скопје
– Топли напитоци и други изненадувања
Модератор на настанот ќе биде Stefani Tabakovska.
Да се дружиме, да разменуваме и да уживаме во нови приказни!