Стопирајте го револтот и инаетот кај детето: Ова е вистинскиот лек!
Науката вели дека звуците предизвикани од револт на децата се на врвот листа на непријатни звуци кои човечкото уво може да ги чуе. Само прашај ги родителите. Тие знаат. Во овој случај, теоријата и практиката се совршено усогласени. Додека на децата им се чини дека се природно програмирани да извикуваат и да бунтуваат непотребно, родителите се на крајот со нервите коа тоа се случува. Постојат начини кои ветуваат, ако внимателно се применуваат, престанок на овие непријатни изливи на однесување. Важно е како ние, како родители, реагираме на детска нервоза и како ги насочуваме, оти тоа директно влијае врз тоа дали нивното изразување на незадоволство ќе се манифестира на добар начин или преку скандалозно викање.
Важно е да се има предвид фактот дека скандалозното однесување се намалува со растењето. Но, тоа однесување влијае во текот на целиот живот врз детето. Се тоа ќе се манифестира поинаку еден ден. Затоа, практикувајте ги следниве стратегии и алатки кои сигурно помагаат:
- Вашиот поглед е пола решение. Детето треба да знае до каде и како може да делува.
- Пронајдете го крајот на таквото однесување уште на почетокот.
- Јасно дадете им до знаење дека кукањето, викањето и скандалите не се прифатливи.
- Секое такво однесување, опоменете го и држете си до својот став.
- Колку и да вика, писка или се инати, дете е. На крајот ќе сфати дека не е во право.
- Не дозволувајте да ја види вашата нервоза.
- Не попуштајте.
- Бидете доследни и со карактер.