Од васУбави муабети
Со змија како тебе не се игра, сега ми е јасно!
Ало, луда ли си? Шо проблем имаш? Уште го шеташ поред себе шмоклено? Стварно мислев дека ти е само хир и дека брзо ќе ти помине. Мислев за мој инат со него си, ама ти си луда бее. Се зацапа у него ли? Ејј, ми текнуе што се збореше и колку му се смееше додека те бркаше. Ја со него? Никад! Памтиш, ти така ми збореше, мислев ми кажуваш љубоморен да ме правиш. Уствари грешно сум мислел и грешно сум играл, а со змија ко тебе не се игра. Сега ми е јасно. Отровница си, да ти си змија отровница. А јас? Јас сум мочко шо не знаеше и до ден денешен уште не знае како со тебе. Те сакав само да знаеш, а можда и уше те сакам, шо знам, ај заеби, убава ноќ имај, поздрав се најбоље!
Испратете и вие ваш текст на info@ubavo.mk