Сами проверете си ги резервите на телесната маст
Ви стојат на располагање два методи на проверка. Прво, пресметајте го својот индекс на телесната маса (БМИ- Body Mass Index), кој го изразува односот меѓу мускулното и масното ткиво. Постапката е следнава: прво пресметајте ја својата висина во квадратни метри (на пр. 1,60 x 1,60 = 2,56). Потоа својата тежина во килограми поделете ја со тој број (на пр. 60 : 2,56). Добиената вредност заокружете ја на најблискиот цел број (во овој случај БМИ е 23).
Сега одредете го односот на половината и на колковите. Обемот на половината во сантиметри поделете го со обемот на колковите во сантиметри (на пр. ако половината ви е 72см, а колковите 92см, вашиот сразмер е 0,80).
Местата на кои има наслаги исто така се важни за здравјето, како и количеството на маста. Количеството на маста што ја имате и местата каде што ја носите можеби укажуваат на ризик од сериозни болести. Општо земено, БМИ меѓу 20 и 25 е нормален, а над тоа создава предиспозиции за многу заболувања. Ако односот половина-колкови е поголем од 0,85 имате зголемен ризик за дијабетис и коронарни болести на срцето.
За да го намалите процентот на маста во организмот, редовно вежбајте и внимавајте на исхраната. Исто така е важно да го одржувате конзумирањето на алкохол во разумни граници. Ако пушите, потрудете се да се откажете или барем намалете на 5 цигари дневно.