ЖивотУбави совети

Рецепт на денот: солен ролат без брашно!

Нема кој може да одолее на вкусот на ролат. Овој рецепт ќе им стане омилен на сите љубители на кашкавалот и павлаката. Направете го овој солен ролат, израдувајте ги најблиските. 

Ролат со кашкавал – потребни состојки: 150гр шунка, 250гр тост кашкавал, 200гр павлака, 150гр кисели краставички, 250 гр кашкавал, сол и црн пипер.

Исечкајте ги шунката и киселите краставички на коцки. Во голем сад изрендајте го кашкавалот, додадете ја шунката, киселите краставички и павлаката. Посолете и побиберете по желба, измешајте ја целата смеса да се соедини. Тост кашкавалот наредете го на плех поставен со хартија за печење, меѓутоа да нема простор од едно до друго парче за да може убаво да се соедини и за да може да направите ролат. Плехот покријте го со алуминиумска фоија и ставете го во рерна на 100 степени околу 5 минути. Од кога ќе го извадите плехот исфилувајте го со подготвената смеса. Сега свиткајте го целиот соединет кашкавал во ролат и ставете го во проѕирна фолија. Ставете го во фрижидер да постои околу 30 минути а потоа исечкајте го на кругови.

Поврзани статии

Back to top button