ЖивотУбави совети

Омилените бомбици на Ѓоковиќ – брза и лесна подготовка

Овие слатки чоколадни топчиња можете слободно да им ги подарите на вашите деца, без страв и грижа.  Исхраната на Новак Ѓоковиќ и Јелена се заснова на здрава храна, а она што го прават како оброци е исклучително вкусно и благодарно за подготовката. Ако сè уште не сте, еве ви шанса да го пробате. Сопругата на најдобриот тенисер на светот се пофали со слатки бомбици, кои Новак ги обожава.

Состојки:

200 г путер од бадем
150 гр какао снегулки
150 гр кокосови снегулки
100 мл оризово млеко
2 лажици мед
150 гр овес
150 гр ореви по вкус
Подготовка: Едноставно соединете ги сите состојки, од нив направете топчиња и ставете ги во фрижидер да се стегнат. Јелена посочува и како можете да експериментирате со состојките кои моментално ги имате дома, како што таа често прави. Така, наместо путер од бадем, можете да користите какао путер, масло од кокос или јаворов сируп. Бомбиците може да ги носите насекаде со себе, доволно се слатки, но и многу здрави.

Поврзани статии

Back to top button